Skip to main content

Стефановски: Глобалниот светски поредок се распаѓа и се создава нов поредок

Политикологот и безбедносен аналитичар Милан Стефаноски на ТВ21 зборуваше за формирањето на таканаречениот „одбор за мир“ поврзан со политиките на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и позицијата на Македонија во актуелните геополитички динамики.

Стефаноски оцени дека глобалниот поредок се наоѓа во фаза на трансформација и дека се менуваат политичките, економските и безбедносните рамнотежи на светско ниво.

„Глобалниот светски поредок се распаѓа и се создава нов поредок. Тоа е динамичен процес кој отсекогаш се одвивал“, рече тој, додавајќи дека САД настојуваат да го предводат новиот глобален безбедносен модел.

Поврзани вести