
Во Битола се одржа тркалезна маса на тема „Културна Битола во 2026“ на која претставници на локалната самоуправа, национални и локални установи од областа на културата и здруженија на граѓани промовираа културни манифестации и проекти за оваа година.
На јавниот настан во Битола, градоначалникот Тони Коњановски истакна дека културните манифестации организирани од различни институции и организации подолго време се препознатливи и меѓу дипломатите во земјава.
Културните манифестации во Битола се составен дел на македонската културна сцена, препознатливи и прифатени од домашната публика и бројните гости кои со задоволство секогаш ги очекуваме. Со ваков човечки потенцијал што се наоѓа на чело на установите од областа на културата во Битола, задоволство е да се биде градоначалник“, нагласи Коњановски и јавно се заблагодари на медиумите кои ги афимираат културните настани во градот.
На тркалезната маса информации за ланските постигнувања и планови за тековната година искажаа првите луѓе на национални и локални институции од областа на културата со седиште во Битола.

Македонски




