
Денес одбележaвме 164 години од смртта на Браќата Миладиновци – Димитрија и Константин, симболи на македонската културна преродба и борбата за јазик, идентитет и национална свест, соопштија од СВП.
Родени во Струга, тие својот живот го посветија на просветата, на собирањето и зачувувањето на народното творештво и на утврдувањето на мајчиниот јазик.
Со нивниот „Зборник на народни умотворби“ и поезијата на Константин, меѓу кои и бессмртната „Т’га за југ“, го поставија темелот на македонската книжевна преродба и оставија дело што и денес нè обврзува на сеќавање и почит.
Вечна им слава.

Македонски




