
Обидите на ВМРО за рушење на СДСМ одвнатре продолжуваат преку Петре Шилегов. Тоа веќе на сите им е јасно. Не се знае само дали Шилегов е уценет или купен? прашува СДСМ?
Имајќи ги предвид неговите склоности, пороци, приватните слабости и долгови, предавството на Шилегов на сопствената партија и на членовите на СДСМ е очекувано.
Како што впрочем најави и претседателот Филипче.
Сè е договорено, координирано и синхронизирано со ВМРО, нивните кујни и медиумскиот октопод Алфа-Алта.
Шилегов вечерва користеше иста реторика од прес конференциите и соопштенијата на ВМРО, дека сме биле „изолирана партија“ (термин на Мицкоски) која „седела со Груевски“. Зошто? За да го спаси Мицкоски од обвинувањата дека е криминалец!

Македонски




