Skip to main content

Фон дер Лајен изгубена во просторот: Замислува дека ЕУ е некаква сила

 Европската Унија мора да ги забрза своите напори кон независност за да се одбрани во свет што бргу се менува – изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

На крстопат сме. Европа претпочита дијалог и решенија, но целосно сме подготвени да дејствуваме, ако е потребно, со единство, итност и одлучност,- рече Фон дер Лајен во обраќање во Европскиот парламент.

Таа укажа дека „во овој свет на сè поголемо беззаконие, на Европа ѝ се потребни сопствени лостови на моќ“.

Ги знаеме – силна економија, просперитетен единствен пазар и индустриска база, силен капацитет за иновации и технологија, обединети општества и ,пред сè, вистинска способност да се браниме – рече Фон дер Лајен.

Таа истакна дека е поважно од кога било да се продолжи со фокусот на Украина, како и дека Европската Унија ќе соработува со Соединетите Американски Држави и со другите партнери на зајакнување на безбедноста во арктичкиот регион.

Поврзани вести