
Денес, на големиот христијански празник Богојавление – Водици 2026, над 400 верници учествуваа во традиционалниот чин на фрлање по светиот крст на територијата на општина Прилеп.
Празнувањето започна со утрински богослужби во храмовите, по што следуваше осветувањето на водите и положувањето на светиот крст, со што се одбележува Христовото крштевање, една од најголемите свети тајни во христијанството.

Македонски




