Skip to main content

Вучиќ: ЦИА и Мосад изведуваат операции во Иран, исто како пред 73 години

Facebook / Александар Вучић

Зборувајќи за моменталната глобална ситуација, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека во моментов се изведуваа операции на ЦИА и Мосад во Иран.

Во врска со ситуацијата во Иран, Вучиќ ги повика луѓето да ги прочитаат книгите „Операција Ајакс“ или „Сите луѓе на Шахот“, осврнувајќи се на операцијата од 1953 година во која Велика Британија и САД организираа државен удар за отстранување на избраниот ирански премиер Мохамед Мосадек и повторно поставување на Реза Пахлави откако Мосадек ја национализираше нафтената индустрија на Иран и одби да ги исполни барањата на Западот.

Погледнете денес – како Мосад и ЦИА спроведуваат операции според истата формула, но 73 години подоцна“, изјави Вучиќ.

Поврзани вести