Skip to main content

Жичницата нема да работи на Водици, ЈСП ќе вози по неделен распоред

Во понеделник (19.01.2026 год), поради верскиот празник Богојавление (Водици), јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.


На Водици од 7 до 14 часот, дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар, а жичницата нема да работи.

Од ЈСП потсетуваат дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот, за Жичницата се неработни денови.

Поврзани вести