Skip to main content

Истокот на Македонија со најмногу разводи

Фрипик

Падот на наталитетот во континуитет не е единствениот демографски проблем со кој се соочува Македонија. Статистиката покажува дека секоја година има се помалку бракови, а се повеќе разводи.

Во 2024 година биле склучени 11066 брака, а разведени има 182.9 на 1000 склучени.

Бројот на бракови таа година се намалил за 1 600, а разводите се зголемиле за 259.

По региони најмногу склучени бракови на 1 000 жители има во Полошкиот регион – над 7,5, а најмалку во Пелагониски и Вардарски – под 5,5.

Најмногу разводи на 1 000 бракови имало во Вардарскиот, Источен и Југоисточен регион – над 200.

По општини најмногу разведени бракови на 1 000 жители имало во Зрновци – 888, Лозово – 500, Росоман – 461, Градско – 437, Делчево – 386, Дојран – 363, Гевгелија – 319, Кавадарци – 316 и Центар – 308.

Според податоците од Државниот завод за статистика, Македонија продолжува да се соочува со негативен природен прираст.

Во 2024 година се родиле 16 061 деца, а починале 20 201 лица, што значи намалување на населението за над 4 000 жители. Позитивен прираст имало само во Скопскиот регион, додека во останатите региони бројот на починати значително го надминал бројот на родени.

Поврзани вести