Skip to main content

„Си-Ен-Ен“: Трамп разгледува неколку потенцијални воени сценарија против Иран

Американскиот претседател Донад Трамп разгледува можни воени опции за акција против Иран во услови на масовни протести, велат за „Си-Ен-ЕН“ двајца високи американски функционери.

Според нивните зборови, Трамп во последните денови добил брифинг за различни сценарија, од целни напади врз безбедносните структури во Техеран до мерки што не вклучуваат директна употреба на американските сили. Тоа првенствено се однесува на можен удар врз иранските безбедносни сили што учествуваат во задушувањето на протестите.

Конечната одлука сè уште не е донесена, но Белата куќа инсистира претседателот сериозно да ја разгледа оваа опција. Сепак, распоредувањето на американски копнени трупи во Иран е исклучено.

Американската администрација, исто така, изразува загриженост дека воениот удар би можел да се врати како бумеранг, да го собре иранското општество околу владата како одговор на странска агресија или да предизвика одмаздничка воена акција од страна на Техеран врз американски цели на Блискиот Исток.

Поврзани вести