
Новата интерактивна сликовница за деца „Работилницата на Дедо Мраз и малите помошници“, во издание на издавачката куќа „Панили“, ќе биде промовирана денеска во 12 часот во книжарницата „Матица“ во Скопје. Авторки се Дарија Краличин Павлескa и Кристина Краличин Павлескa, кои преку ова дело создаваат современ пристап кон детската литература, комбинирајќи раскажување, игра и имагинација. Приказната е внимателно обликувана со цел да поттикне љубопитност, самодоверба и чувство на важност кај секое дете, без разлика кој пат ќе го избере.
Сликовницата претставува волшебна интерактивна авантура наменета за деца од 3 до 9 години, во која читателот е активен учесник и главен јунак на приказната. Преку избори, отворање врати, следење патеки и откривање тајни простории, децата ја истражуваат работилницата на Дедо Мраз и стигнуваат до различни магични завршници.
Промотор на настанот ќе биде Горјан Петревски, писател за деца, а модератор Сања Стојанова.

Македонски






