
Градоначалниците на општините Берово и Пехчево, Петар Ружински и Александар Китански остварија заедничка посета на Дневниот центар за лица со ментална или телесна попреченост и на Малиот групен дом. Во рамки на посетата, тие им ги честитаа новогодишните и божиќните празници на децата и вработените упатувајќи желби за многу здравје, среќа и успех во 2026 година.
Заедно со претседателите на Советот на Општина Берово, Влатко Шахпаски и на Општина Пехчево, Миле Гошевски на корисниците во Дневниот центар за лица со ментална или телесна попреченост им подаривме телевизор и прожектор, додека на вработените и децата во Малиот групен дом им беа донирани електричен шпорет за потребите на домот“, информираа во заедничкото соопштение од двете општини.
Како што се додава во соопштението, за секое дете се обезбедени и новогодишни пакетчиња.
Со оваа заедничка активност, претставниците на локалната самоуправа ја потврдија поддршката за лицата од ранливите категории и значењето на грижата и солидарноста, особено во пресрет на празниците“, се вели во соопштението.
Претходно градоначалниците на двете општини во своите кабинети остварија средби со поранешни вработени во општините како и со претставници на останати институции.

Македонски





