
Пет луѓе загинаа, а еден е исчезнат при уривање на воен авион на мексиканските воена морнарица.
Авионот кој бил во медицинска мисија се урна во близина на Галвестон во американската сојузна држава Тексас.
Во авионот имало осум лица, од кои двајца преживеаја. Четворица биле дел од екипажот, а другите цивили. Помеѓу загинатите е и двогодишно дете.
Авионот бил на мисија за мексиканска фондација, која помага во лекување на децата со изгореници.

Македонски






