
Претседателот на Естонија, Алар Карис, изјави дека Европа би можела да ѝ помогне на Унгарија со пари ако се откаже од рускиот гас.
Според идејата на лидерот на оваа балтичка држава, станува збор за плаќање на казни за раскинување на долгорочните договори со Москва, од кои некои, според Карис, важат до 2040-тите.
Можеби треба да помогнеме во плаќањето на казните за раскинување на договорот“, изјави Карис, без да прецизира од каде Естонија ќе ги најде парите за тоа.
Карис, исто така, потсети на посетата на унгарскиот премиер Виктор Орбан на Москва кон крајот на ноември. Според естонскиот претседател, унгарскиот премиер отпатувал таму за да се осигури дека Унгарија сè уште ќе има доволно евтин руски гас.

Македонски






