
САД, земјите од ЕУ и Украина се согласиле за два документа за безбедносни гаранции за Киев, открива весникот „Њујорк тајмс“.Според изданието, планот вклучува зајакнување на украинската армија на 800.000 војници, модернизација на оружјето и спроведување големи програми за обука.
Во рамки напланот, европските единици ќе бидат стационирани на западот од земјата како сила за одвраќање. САД не размислуваат за испраќање трупи, но ќе обезбедат разузнавачка поддршка и следење на какво било можно прекин на огнот.

Како што пишува весникот, документите се правно обврзувачки и детално опишуваат како воените структури на САД, Европа и Украина ќе соработуваат за да го намалат ризикот од понатамошни непријателства. Тие исто така јасно ја наведуваат воената опрема што му е потребна на Киев.
Официјална Москва ги гледа овие планови критички. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека руската страна не добила никакви индикации за исходот од состаноците, додека министерот за надворешни работи Сергеј Лавров повтори дека присуството на странски трупи во Украина е неприфатливо и веднаш порача дека нивното распоредување во Украина ќе ги направи легитимна цел.

Македонски






