
Вооружени униформирани луѓе сега ги чуваат танкерите што припаѓаат на руската „флота во сенка“ додека минуваат низ Балтичкото Море. За ова објавија од шведската морнарица на шведската телевизија.
Руската „флота во сенка“ е заштитена од воен персонал. Униформирани воени лица и вооружени луѓе, веројатно вработени во приватни воени компании, се забележани на руските танкери за нафта“, изјави Марко Петковиќ, началник на оперативната команда на шведската морнарица.

Во подетални изветаи на медиумите се вели дека поранешен командант на специјалните сили од руската ексклава Калининград бил забележан на еден од танкерите во теснецот Ересунд.

Македонски






