
Тетовската полиција поднесе кривична пријава против пет жени од тетовското село Желино поради физички напад врз 19-годишна девојка од истото село.
Како што се наведува во полицискиот билтен, СВР Тетово поднело кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од село Желино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 26.09.2025 во Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.

Македонски






