
На 18 декември 2025 /четврток/ од 14.30 часот во Ликовниот салон од ЦК „Марко Цепенков„ ќе биде отворена изложбата на икони „Уметниците во чест на Св. Никола“. Ќе бидат претставени икони од македонски уметници, а во чест на патрониот празник на Прилеп.
Годинава на изложбата, со икони ќе се претстават еминетните творци:
Славица Михаилова (Дипломирала на Националната ликова академија во Софија, Бугарија на отсек ѕидно сликарство. Магистрирала на Академијата за уметности во Белград – отсек конзервација. Член е на ДЛУБ и има реализирано бројни самостојни и групни изложби во земјава и во странство. Нејзини дела се наоѓаат во приватни колекции ширум светот).
Дејан Макаријоски ( Член на ДЛУБ, работи во техника масло на платно, акрил, како и фреско сликарство и икони. Основач е на студиот „Ателје Макаријоски“ и веќе 25 години го води ателјето и галеријата. Добитник на наградата „Борислав Траиковски за 2024 година на ДЛУБ.)
Николче Српчански (м-р по ликовна уметност, конзервација и реставрација. Уметник, реставратор, иконописец. Завршил магистерско образование по конзервација и реставрација на Националната уметничка академија во Софија, Бугарија. Учествува на повеќе самостојни и групни изложби).
Васко Ѓоргиев ( уметник и иконограф. Завршил Академија во Џенова, Италија, оддел вајарство. Ангажиран како уметнички соработник во Бигорскиот манастир. Има реализирано циклуси на сакрално сликарство во Преспанско пелагониската и во Дебарско Кичевската епархија. Член на ДЛУБ и ДЛУГ. Редовен учесник на групни изложби во Италија) и
ателјето Теракотни икони Серафим“( Постои од 2018 година и е уникатно уметничко студио специјализирано за изработка на икони, орнаментални, како и фигуративни релјефни претстави од православната христијандска традиција. Творештвото е фокусирано на керамиката – теракотата како автентичен и топол материјал).

Македонски






