
Во Македонскиот културен центар во Истанбул, на 19 декември (петок) со почеток во 19:00 часот, ќе се одржи концерт на МАКБРАС квартет тромбони, еден од најистакнатите македонски камерни ансамбли. Концертот ќе биде реализиран со пијано придружба на Маријана Николoвска.
На репертоарот ќе биде изведена програма со дела од Давид Фердинанд, Семи Нестико, Благој Цанев, Џорџ Гершвин, Франсоа Гуин, Лени Нихаус, Георг Лохман, Астор Пјацола и Бил Холкомб, програма која ги поврзува класичниот концертен израз, џезот и современата музика.
Концертот се реализира во рамките на Годишната програма на Министерството за култура и туризам, како дел од континуираните активности на Македонскиот културен центар во Истанбул, посветени на афирмација на македонската музичка уметност и нејзините изведувачи во Република Турција.

Македонски






