
Во градското дерби, 169. по ред, МЗТ Скопје забележа убедлива победа против својот вечен ривал Работнички со 90:72.
Гостите од Аеродром доминираа во првото полувреме и двоцифрената предност ја зачуваа до крајот.

Во деветтата победа на МЗТ Скопје Аеродром во десет одиграни мечеви во „МТЕЛ“ Супер лигата, МекКејден го заврши дербито со 22 поени (четири скока и две асистенции), Војдан Стојановски имаше 18 поени (четири скока и две асистенции), Петков дојде до 17, а Магдевски до 12 поени (плус шест асистенции и пет скока).

Кај Работнички, кој сега е на половичен ефект (5-5), најефикасен беше Алстон со 20 поени, Наков имаше 17 (пет скока), Ефремовски 14 поени и два скока, а дабл-дабл ефект од 10 поени и 14 скока, имаше Рикиќ.

Македонски






