Skip to main content

Преку блок-дотации проширени средствата на општина Куманово

Советниците од Куманово на денешната седница изгласаа Одлука за проширување на средствата на буџетот на општината, по дописот од Министерството за образование и наука со кој се прераспределуваат средства за седумнаесетте општински училишта.

Итноста на денешната седница е поради буџетскиот циркулар од Министерството за финансии преку кој се информиравме дека до 15 декември се затвора трезорот, затоа имаше потреба да се свика седницата, буџетот да биде донесен и навремено да се трансферираат средствата до општинските буџетски корисници, училиштата. Средствата ќе се користат за општинските основни училишта за покривање на комунални услуги, вода, ѓубре, гас, гориво, нафта и превоз, изјави помошникот раководител на секторот за финансии, Никола Денковски.

Блок дотациите се 25 милиони 694 илјади денари, од кои 3,2 се наменуваат за вода, за ѓубрарина 5, 5. За течни горива 7,3,  за превозни услуги, 9,694 милиони денари. 

Поврзани вести