
Индискиот премиер Нарендра Модиѝ предложил на Русија, двете земји да воспостават заедничко производство на електрични автомобили. Најверојатно тој предлог може да резултира со проект за склопување на рускиот електричен автомобил „Атом“ во Индија.
На „Атом“ му е критично потребна економија на обем – дури и пред 2022 година, се дискутираше за создавање дупликат производствена линија за овој електричен автомобил во Унгарија. По 2022 година, се водеа преговори во врска со производството на возилото во Кина и Узбекистан.
Создавањето верзија на „Атом“ со волан од десната страна нема да биде тешко, бидејќи има мотор монтиран на задната страна од возилото. „Атом“ е долг 3.995 mm – ова е најпопуларниот формат на автомобил во Индија, каде што возилата под 4 метри подлежат на намалено оданочување.
„Атом“ е целосно руско возило, кое наскоро ќе почне со сериско производство. Продажбата и производството на автомобилот надвор од Русија е неопходност за да се постигне профитабилност во проектот.

Македонски







