
Универзитетите што ќе покажат најдобри резултати ќе добијат најмногу средства од државниот буџет, најавува министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Ќе се обидеме заедно со групата со која работиме да најдеме начин универзитетите да добијат развојна компонента. Оние што ќе имаат најдобри резултати да добијат поголем буџет за разлика од оние кои нем ада покажуават резултаи да добијат помал буџет годишно што го дава државата. Ќе се потрудиме да обезбедиме соодветен кадар според систематизацијата на факултетите, универизтетите, ќе ја зајакнеме контролата во приватните универзитети за кои сме свесни дека не продуцираат квалитетн када, ќе ги зголемиме студентските права, изборите на раководните функции во универзитетите ги демократизраме – рече вечерва Јаневска, во интервју на ТВ Телма.
Таа најави дека Министерството за образование наскоро ќе објави нова драфт верзија на концепцијата во гимназиското образование, во насока на негово прилагодување со соверемните текови во општеството.
Ќе имаме нова концепција за гимназиското образование, многу бргу ќе понудиме нова драфт верзија и ќе ја ставиме на дискусија. Ако не биде до крај на годинава тоа ќе биде во јануари, рече Јаневска
Истакна дека концептот треба да биде прифатен од мнозинството чинители во образованието за да се применува.
Ќе имаме нова концепција, ќе се потрудиме да е максимално содветна на новото време и брзиот технолошки развој со дигитализација, вештачка интелугенција. Ја сменивме матурата, тоа што долги години беше барано средно стручната да се разликува од гимназиската, со право, и ќе се разликува од гимназиската. Добри чекори правиме за кои ќе очекуваме резултат по четири-пет години – рече Јаневска.
Истакнувајќи дека треба да се цени знаењето, а не дипломата, порача дека „наставниците треба да се вложат реално да ги оценуваат децата“.
Оцени и дека наставнициите се ранлива категорија и најави дека МОН во новиот закон за наставници ќе бара начин како да ги заштити за да не бидат, како што рече, подложни на влијание на која било власт, училишна, централна, локална, туку да бидат ценети и почитувани според своите компетенции.
-Наставниците воглавно се жалат на притисоците од родителите, не само на родотелите, има вмешување и од политиката има и малку би рекла трговски однос меѓу родителите и наставниците, но генерално се родителите и односите во нашите традиционални средини кога луѓето сметаат дека треба да си помогнат – рече Јаневска.
Кај наставниците се спроведуават најразлични едукации и, посочи, може да има и за справување со притисоците.

Македонски







