
Германија распоредува израелски систем за воздушна одбрана „Стрела 3“ во близина на Берлин.
Гермнските власти тврдат дека овој систем може да детектира и да пресртне балистички ракети како рускиот „Орешник“. Ова е прво распоредување на системот „Стрела 3“ надвор од Израел.

Испораката за германските вооружени сили на израелскиот систем за воздушна одбрана „Стрела-3“ со долг дострел е изведена во рамки на договор вреден 4 милијарди евра.
Договорот е најголемата нарачка за извоз на оружје во историјата на Израел.

Системот „Стрела-3“ ќе биде распореден надвор од Израел и САД за прв пат и ќе биде независно управуван од трета земја.

Македонски







