Skip to main content

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД планираат да го прошират бројот на земји опфатени со забраната за патување на повеќе од 30, изјави американската министерка за внатрешна безбедност, Кристи Ноем.

Нема да бидам прецизна за точниот број, но тој е поголем од 30, а претседателот продолжува да ги проценува земјите, рече Ноем во интервју за Фокс Њуз, одговарајќи на прашањето дали администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, планира да го зголеми бројот на земји опфатени со забраната на 32.

Ноем не прецизираше кои земји ќе бидат додадени на списокот.

Ако таму немаат стабилна влада, ако немаат земја која може да се одржи и да ни каже кои се тие лица и да ни помогне да ги провериме, зошто би им дозволиле на луѓето од таа земја да дојдат овде во Соединетите Држави, рече таа.

Трамп во јуни потпиша проглас со кој им се забранува влез во САД на граѓаните на 12 земји и го ограничува влезот за седум други земји, велејќи дека тоа е неопходно за заштита од странски терористи и други безбедносни закани. Забраните се однесуваат и на имигрантите, но и на туристи, студенти и деловни патници.

Поврзани вести