Skip to main content

Израел ги предупредува САД за „растечката моќ“ на Хезболах и неизбежната ескалација

За време на состанок во Ерусалим, шефот на израелската воена разузнавачка служба, генерал-мајор Шломи Биндер, ја информирал американската делегација за „растечките капацитети на Хезболах“ и неспособноста на либанската армија да се спротивстави на групата, истакнувајќи дека многу либански војници се шиити.

Биндер презентирал разузнавачки информации кои наводно покажуваат дека Хезболах шверцува голем број ракети со краток дострел преку сириската граница и ја движи инфраструктурата северно од реката Литани.

Израелците тврдат дека групата сè уште е распоредена во селата долж границата повеќе од една година откако стапи на сила таканареченото примирје.

Високиот израелски функционер предупредил дека Хезболах веројатно нема да се разоружа според каков било договор.

Нема смисла да се продолжи со овој договор. Се движиме кон ескалација и ќе одлучиме кога е во наш интерес да го сториме тоа“, кажал функционерот.

Поврзани вести