Skip to main content

Адетокунбо сака да си замине од Милвоки

Facebook Giannis Antetokounmpo

Кошаркарот на Милвоки бакс, Јанис Адетокунбо и неговиот агент Алекс Сарацис, се во преговори за неговата иднина во тимот, објави „ESPN“.

Според американскиот медиум, одлуката околу овие разговори ќе биде донесена во наредните недели, што ќе утврди дали 30-годишниот Грк ќе биде достапен за размена пред 5 февруари 2026 година.

Неколку извори ја опишаа серијата од осум порази на Бакс во последните девет натпревари како исклучително разочарувачка за Адетокунбо, раководството на Бакс, тренерите и другите играчи.

Во сезоната 2025/26, Адетокунбо има просек од 30,6 поени, 10,7 скока и 6,4 асистенции. 

Кошаркарот игра за Милвоки од 2013 година