Skip to main content

Куновска: Дали СДСМ драматично тоне под негово водство?

Дали СДСМ драматично тоне под негово водство?, прашува на социјалните мрежи Софија Куновска, поранешна советничка во Град Скопје и истакнат член на опозициската СДСМ по објавување на веста дека цело раководство на СДСМ поднесе оставки по барање на лидерот Венко Филипче.

Оставки поднесоа заменичката-претседател Фани Каранфилова-Пановска, потпретседателите Каја Шукова, Кристина Костова, Методија Илиевски и Ана Чупеска, како и генералниот секретар Александар Димитриевиќ.

Дали сета кадровска политика и за органите во партијата и за кандидатите за градоначалници и советници ја водеше сам, во консултација со Муртино? Дали сите политики, изборот на тим и фирма за кампања го обликуваше сам, пишуваше резолуции без согласност на органите на СДСМ и координација со пратеничката група, се нудеше за широка коалиција, што јавно, што скриено, постојано се туркаше во прегратките на Мицковски?
Исход, сите дома, тој останува.
Ако уште ова помине кај “интелектуалците” и членството во СДСМ, нека се подготват партијата да се задолжува и натаму додека не се “потроши” и зградата, а во меѓувреме сите да бидат средство во функција на личните интереси на неколку криминални ликови, чии дела што им демнат со затворски казни над глава треба да застарат.
Венко никогаш и немал на памет идеја дека е дојден да победува СДСМ.
Но едно нека остане запаметено, а тоа е дека цената за овие “туѓи бели дворови” ќе ја плати не само СДСМ туку и ВМРО—ДПМНЕ и сите граѓани на Македонија, пишува Куновска на социјалните мрежи.

Поврзани вести