
Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ со голема чест и задоволство ја најавува својата кулминација на сезоната-Годишниот концерт-„Ритамот на душата, бојата на традицијата“

Дата: 20.12.2025 Сабота
Место: Национална Опера и Балет
Време: 19:30 часот

Ова е вечер кога сцената ќе оживее со „Ритамот на душата, бојата на традицијата“- мотото под кое се одвива тековната концертна сезона.

Подгответе се за незаборавно патување низ богатата ризница на македонскиот фолклор. На програмата ве очекуваат:
- Мајсторски изведби на антологиски македонски ора и песни.
- Раскош на народни носии од сите краишта на Македонија.
- Кореографски решенија кои ги спојуваат традицијата и современиот сценски израз.
- Врвни играорци, пејачи и музичари на Ансамблот кои го носат македонскиот идентитет низ светот.

Не ја пропуштајте оваа свечена можност да бидете дел од традиционалниот празник на народната уметност, што е идентитетскиот код на Македонија!
Билети: Билетите се во продажба преку kupikarta.com
Повелете да го прославиме фолклорот заедно!

Македонски






