
Црна Гора нема да има можност да стави вето на преговорите со земјите кандидати за членство во ЕУ, кога ќе влезе во Унијата, објави „Вијести“, повикувајќи се на информирани извори.
Со други зборови, официјална Подгорица нема да може да ги постигне своите интереси и цели во билатералните односи користејќи го процесот на преговори, како што прави Хрватска со Црна Гора или Бугарија со Македонија.
Како што пишува весникот, ова правило ќе важи и за Албанија, како и за сите земји кандидати за членство во ЕУ.

Македонски






