Skip to main content

Мицкоски за партнерството помеѓу Владата на Македонија и СЗО: Со потпишувањето на овој Меморандум испраќаме силна порака дека здравјето е фундаментално право

Денес ја зајакнуваме една од најважните стратешки соработки за нашата држава – партнерството помеѓу Владата на Македонија и Светската здравствена организација. Со потпишувањето на овој Меморандум испраќаме силна порака: дека здравјето е фундаментално право, темел на развојот, и стожер на иднината што ја градиме, напиша Мицкоски на својот фејсбук профил.

Овој документ што денес го поставуваме пред јавноста не е само стратешки план. Тоа е наш заеднички договор за иднината.

Договор дека ќе продолжиме да градиме здравствен систем кој е подготвен да одговори на новите закани, да се носи со кризите, да ги намали нееднаквостите и да донесе иновации што ја подобруваат здравствената заштита.

Ги повикувам сите институции, сите партнери, стручната јавност и граѓанскиот сектор да ни се придружат во оваа важна мисија. Затоа што само со заедничка работа можеме да поставиме стандарди што ќе траат со генерации.

Поврзани вести