Skip to main content

Кинеските граѓани во Русија ќе патуваат без виза: Путин го потпиша указот

kremlin.ru

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша указ со кој им се дозволува на кинеските граѓани да патуваат во Русија без виза.

Како што е наведено, врз основа на оваа одлука, кинеските граѓани ќе имаат право да влегуваат и да престојуваат во Русија не подолго од 30 дена како туристи, за посета или од деловни причини, како и да учествуваат во образовни, културни, економски и спортски настани, до 14 септември 2026 година, земајќи го предвид принципот на реципроцитет, објавија руските медиуми.

Кинеските граѓани ќе можат да патуваат и транзитно или да ја напуштат Русија без виза, под услов да имаат редовен кинески пасош.

Овие правила, меѓутоа, не важат за оние кои доаѓаат во Русија за да извршуваат работни активности, вклучително и работа на новинари, или за студирање.

Одлуката стапува на сила од денеска, соопштија руските медиуми.

На 2 септември, кинеското Министерство за надворешни работи објави воведување на пробен, 30-дневен, едногодишен безвизен режим за граѓаните на Русија.

Овој режим се однесува на носителите на редовни пасоши и важи за оние кои планираат да патуваат во Кина како туристи, за бизнис, како дел од хуманитарна размена или за посета на роднини и транзит, потсети руската агенција.

Поврзани вести