Skip to main content

Возилата на регионалниот пат Јосифово – Пирава се пренасочуваат поради надојдената Калковска Река

На 28.11.2025 год во 17:45 часот Регионалниот пат Р1105 делница с.Јосифово с.Пирава поточно кај место м.в Калковска Река поради обилни врнежи од дожд, повторно надојдена Калковска Река, сообраќајот е пренасочен за сите видови на моторни возила и е пренасочен према Маг. пат А1 од с.Удово кон с.Марвинци.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.

Поврзани вести