Skip to main content

Овој викенд пристигнува третата сликовница од серијалот „Приказни за облеките“ под наслов „Лефти и Рајти на викенд“ на Наташа Дукоска

Овој викенд пристигнува третата сликовница од серијалот „Приказни за облеките“ под наслов „Лефти и Рајти на викенд“ на авторката Наташа Дукоска. Новото издание ја продолжува магијата на омилените Лефти и Рајти, носејќи свежа приказна исполнета со авантури, детска радост и важни пораки за секојдневниот живот на децата.

Главните јунаци веќе ги освоија најмладите со своите претходни приказни, а во ова ново издание ја доживуваат својата прва голема викенд авантура. Заедно со Мими, тие трчаат во парк, се валкаат во тревата, откриваат нови другарчиња меѓу облеките на другите деца и првпат се среќаваат со вистинска роденденска прослава. Сцените од паркот, шеќерната волна, игрите, кученцата и возбудата околу откривањето на нови места го доловуваат целиот дух на детството и безгрижниот викенд свет што децата го обожаваат.

Премиерна сцена во живо на 6 декември

За да се одбележи излегувањето на сликовницата, на 6 декември во 12:00 часот во Literatura.mk во Diamond Mall ќе биде прикажана една премиерна сцена инспирирана директно од новата приказна. Сцената ќе биде дел од претставата „Лефти и Рајти и нивните стари и нови авантури“, која со секоја изведба станува сè попопуларна меѓу децата и родителите благодарение на својата интерактивност, хумор и едукативност.

Ова е прва можност малите читатели да видат како „Лефти и Рајти на викенд“ оживуваат на сцената, што ја прави претставата на 6 декември посебно доживување.

🎟 Билети
👉 https://drugastrana.mk/…/lefti-rajti-stari-i-novi…/

За авторката и серијалот

Наташа Дукоска е авторка на серијалот „Приказни за облеките“, кој ги вклучува сликовниците „Лефти и Рајти си најдоа дом“„Лефти и Рајти го спасуваат џемперчето Воли“ и најновата „Лефти и Рајти на викенд“.

Секоја приказна гради мал, но значаен свет кој ги учи децата на грижа, ред, емпатија и љубопитност. Со поддршка од интерактивните претстави и едукативните работилници по изведбите, проектот прерасна во омилена домашна детска франшиза која ја спојува книжевноста и театарот во единствено искуство за најмладите.

„Лефти и Рајти“ се реализираат со поддршка од Министерството за култура и туризам.

Поврзани вести