Skip to main content

Романскиот министер за одбрана поднесе оставка по скандалот со дипломата

Фрипик

Министерот за одбрана на Романија Јонуц Моштјану денеска објави дека поднесува оставка, јави новинската агенција Аџерпрес.

Разговарав со претседателот, со премиерот, со претседателот на партијата, со дел од моите колеги во партијата Сојуз за спас на Романија и им благодарам за поддршката и довербата“, напиша Јонуц Моштјану на својот профил на Фејсбук и додаде дека го прави ова од почит кон романската армија и како знак на одговорност.

Вчера, лидерот на најголемата опозициска партија, Алијанса за обединување на Романците (АУР), Горге Симион, побара итна оставка од Моштјану со образложение дека „лажел во официјалните документи на романската држава“ во врска со неговото високо образование, објави телевизијата Диџи 24.

Скандалот изби откако весникот „Либертатеа“ откри дека Моштјану во својата прва официјална биографија навел дека дипломирал на Универзитетот Атенеум – институција во која е наведено дека никогаш не бил студент таму. Ова го натера министерот да признае дека тоа била „грешка“ и да претстави друга диплома добиена во 2015 година. Тој рече дека станува збор за „грешка направена од брзање“.

Моштјану на својот профил на Фејсбук напиша дека „Романија и Европа се под опсада од Русија“, поради што романската национална безбедност мора да се заштити по секоја цена.

Не сакам дискусиите за моето образование и грешките што ги направив пред многу години да го одвлекуваат вниманието на оние кои сега ја водат земјата од нивната тешка мисија“, посочи Моштјану на Фејсбук.

Поврзани вести