
Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Марјан Илиевски и неговите асистенти Борче Даскаловски и Мирко Петрески, ги дочекаа кошаркарите на кои ќе смета за она што следува во оваа работна седмица.
– Она што било, тоа ќе го оставиме во минатото. Вратите се отворени за сите кои се на располагање. Оние кои играа летоска го дадоа својот максимум, можеби и над максимумот. Надополнети сме со играчи кои се поискусни, што не значи дека многу работи се менуваат, но значи дека играчите кои имаат „носено“ поинакви мечеви се присутни тука и сигурно ќе бидат од значење, не потценувајќи никого што беше тука за време на летото, бидејќи нивното време доаѓа, изјави Илиевски.
„Црвено-жолтите“ за противниците во првиот кваалификациски циклус за пласман на Евробаскетот во 2029 година, ќе ги имаат Азербејџан, на 27 ноември, во Скопје, потоа на 30 ноември Ирска во Даблин.
– Не постојат држави кои не играат кошарка. Да не ги кажуваме предвреме нашите очекувања, секој пат ќе биде тоа, да дадеме 100% од себе и да се победат мечевите. Азербејџан, од она што го имаме како информација, е тоа дека го мениуваат странскиот играч. Претходно имаа центар, сега имаат плејмејкер. Се работи за играч кој низ клубовите бил меѓу носителите, па сигурно е дека ќе се промени нивната тактика на терен затоа што имаат носител-играч на друга позиција.
Во овој ноемвриски ФИБА „прозорец“ селекторот Марјан Илиевски ќе има на располагање уште еден натурализиран играч. Освен Џејкоб Вајли, за место во тимот ќе конкурира и играчот на шпанската Валенсија, Омари Мур

Македонски








