Skip to main content

Цела ноќ седев во полициска станица: Се огласи Аца Лукас по инцидентот во Кавадарци

Facebook/Aca Lukas

Пејачот Аца Лукас се огласи прв пат по инцидентот кој се случи во Кавадарци, за време на неговиот настап.

Имено Лукас e приведен за време на настап во локал во Кавадарци, бидејќи како што информираше македонската полиција, не поседувал потребна дозвола за настап. Пејачот помина неколку саати во полициска станица, а потоа е пуштен, со ветување дека ситуацијата ќе се разјасни во наредните денови.

Инцидентот предизвика бројни рекации, а фановите на Лукас застанаа во негова одбрана.

Пејачот се огласи на Инстаграм и откри што се случило во локалот во кој пеел.

Половина час пред крај на настапот, дојде полиција, го прекина настапот и бараше да појдам со нив во станица. Не бев уапсен, одев со својот автомобил. Во станица добив информација дека настапот не е регулиран и пријавен, дека работам на нерегуларен начин.Иако неколку дена пред настапот испратив копија од пасошот, како што секогаш правиме, за да го пријавам настапот. Значи пријавен е, ама можеби инспекторот нешто не направил како што треба, нема врска со мене. Секако цела ноќ останава во станица, додека не дојде судија за прекршоци- пишува Лукас.

Тој понатаму вели дека многу пати настапувал во Македонија.

Ова не е прв, туку илјада и прв настап во Македонија. Таму публиката е прекрасна и многу сакам таму да пеам. Никогаш не сум имал никаков екцес, вели Лукас.

Полицијата го задржала цела ноќ.

Дури не смееја да ме пуштат во хотел да спијам, па утрото да дојдам кај судија. Цела ноќ седев со нив. Полицијата во Кавадарци беше многу коректна, дури и ми се извинуваа. Еден човек ми рече дали може да се извинам во име на македонскиот народ- пишува Лукас на Иннстаграм.

Поврзани вести