Skip to main content

Отворена е аудиција за главна женска улога за новиот игран филм на Игор Алексов „Голиот рид“

Отворена е аудиција за главна женска улога за новиот игран филм на македонскиот режисер Игор Алексов „Голиот рид“, соопштија од „Сити Стар Продукција“.

Алексов е автор на наградуваниот филм „Лена и Владимир“, а новиот филм се најавува дека е мистериозен трилер.

Се бараат актери и студентки по актерска игра на возраст од 20 до 35 години. Сите заинтересирани кандидатки можат да испратат пријава на е-пошта: citystar.production@gmail.com. Во пријавата треба да наведат име, презиме и возраст, неколку професионални или аматерски фотографии, кратка биографија и телефон за контакт. Краен рок за пријавување е 26 ноември, а аудициите почнуваат на 27 ноември во просториите на „Вардар филм“.

Овој филм значи ново поглавје за продукцијата и ги отвора вратите за млади талентирани актери да се вклучат во проект кој има јака уметничка и фестивалска димензија, велат од „Сити Стар Продукција“.

Поврзани вести