Skip to main content

Мицкоски на средба со Скот Бејтс: Продлабочување на соработката и размена на добри практики со НДИ

Денеска остварив средба со Скот Бејтс, регионален директор за Европа и Евроазија на Националниот демократски институт (НДИ), напиша премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил.

Средбата беше исклучително конструктивна и исполнета со размена на идеи и искуства поврзани со тековните демократски процеси, регионалните предизвици и можностите за понатамошна соработка.

Разговаравме за важноста на јакнењето на демократските институции, поддршката на транспарентни и инклузивни политики, како и потребата од континуирана соработка со релевантни меѓународни партнери и унапредување на демократските процеси.

Средбата претставува важен чекор кон продлабочување на соработката и размена на добри практики со НДИ, со цел заедничко придонесување кон посилни и поотпорни демократски заедници.

Поврзани вести