Skip to main content
Саудиска Арабија ја развива индустријата за забава

Екстремни лизгалки, кафулиња, интерактивни предизвици: Во Ријад отворен нов голем забавен парк

riyadhseason

Престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман продолжува да ја развива индустријата за забава во земјата, со цел да изгради разновиден економски развој на земјата.

Почнувајќи од средината на ноември, посетителите на саудиската престолнина, Ријад, можат да го посетат новиот, голем забавен парк „Beast Land“, кој се наоѓа веднаш до „Boulevard City“ и „Boulevard World“.

Паркот има:

🔵 Над 188.000 квадратни метри.

🔵Атракциите вклучуваат екстремни лизгалки, скок од 50 метри и интерактивни предизвици.

🔵Детско игралиште и повеќе од 20 кафулиња и ресторани.

🔵Отворено секој ден од 16:00 до полноќ, а за време на викендите до 1:00 часот наутро.

Создадена во соработка со познатиот американски креатор на содржини „MrBeast“, „Beast Land“ ќе биде главната атракција на сезоната 2025 во Ријад.

Поврзани вести