Skip to main content

Пакистан, Саудиска Арабија и Турција потпишаа одбранбен договор

Пакистан, Турција и Саудиска Арабија потпишаа широк заеднички одбранбен договор во услови на растечки тензии во Заливот, се наведува во соопштение на пакистанското Министерство за надворешни работи и извештајот на саудиската државна агенција СПА.

Агенцијата ДПА известува дека лидерите на трите земји, на самит во Мека го потпишале „Заедничкиот одбранбен договор од Мека“, што значи дека секој вооружен напад врз една од трите држави би се сметал за напад врз сите три партнери во алијансата.

Договорот е опишан како израз на посветеноста на трите земји за зајакнување на нивните заеднички безбедносни интереси. Не беа откриени дополнителни детали за содржината на договорот, пренесува германската агенција.

Пакистан и Саудиска Арабија се поврзани со заеднички одбранбен договор од септември 2025 година.

Саудиска Арабија утрово соопшти за жртви од ноќниот напад на јеменската милиција Хути врз кралството.

Според медиумските извештаи, Саудиска Арабија се подготвува за понатамошни координирани напади од ирачките милиции и Хутите. Двете групи се сметаат за сојузници на Иран, потсетува ДПА.

Поврзани вести