Skip to main content

Уметничка инсталација „Сценариум и имагинариум“ на архитектот и сценографот Костантин Трпеноски во холот на МКЦ

Вечерва, на 20 ноември во 19 часот во холот на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје ќе биде поставена уметничката инсталација „Сценариум и имагинариум“ на архитектот и сценографот Костантин Трпеноски, која на границата помеѓу реалното и имигинарното нуди визуелно и сензорно доживување на просторот во холот на МКЦ.

Изложбата е дел од придружната програма на 50. Млад отворен театар (МОТ) кој синоќа беше отоврен со „Лимениот барабан“ на македонскиот режисер Васил Христов, а во изведба на актерите од Југословенско драмско позориште.

Изложбата претставува пресек од петнаесет сценски дизајни, кои ќе бидат прикажани како дел од привремена уметничка инсталација и придружени со музички теми од претставите. Уметничката инсталација го преобликува постоечкиот простор, третирајќи го истиот како медиум, притоа нудејќи можност за лично доживување и интерпретација кај посетителот. Во изборот се и сценографиите за претставите „Чудна случка со кучето во ноќта“ (2023) и „Макбет“ (2019), двете наградени за најдобра сценографија на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп“, изјави Трпеноски.

Трпеноски е македонски архитект и сценограф кој живее и работи во Виена. Тој соработуваше и со Христов на „Лимениот барабан“.

Лимениот барабан е моја прва соработка со Васил Христов и со Југословенско драмско позориште, и беше посебна од различни аспекти. Визуелниот израз на претставата е минималистички и знаковен, со елементи кои имаат јасна функција и смисловност. Токму во тоа беше и сценографскиот предизвик: во дисциплината на редукцијата, прецизноста на деталите и „невидливоста“ на механизмите, преку кои се одвиваат сценските трансформации“ – вели сценографот Трпеноски.

Поврзани вести