Skip to main content
1qv5rgOxuJA

Весли Кларк заврши во Хаг: Хашим Тачи имаше лоша фризура, но не беше командант на УЧК

Поранешниот командант на силите на НАТО во Европа, американскиот генерал Весли Кларк, оцени, сведочејќи пред Специјалниот суд за воени злосторства во Хаг, дека политичкиот лидер на поранешната Ослободителна војска на Косово, Хашим Тачи, не ги контролирал дејствијата на таа формација и дека прогонот на неалбанското население, по пристигнувањето на силите на КФОР во јуни 1999 година, претставувал индивидуални дејствија.

Генералот Кларк, како сведок на одбраната, изјави дека се сретнал со Хашим Тачи три пати за време и веднаш по војната во Косово, но дека за време на тие средби не добил впечаток дека е командант на некоја организирана формација.

„Вториот пат кога се сретнав со Тачи беше пред почетокот на воздушната операција. Тој беше само еден од многуте. Имаше подобра фризура и подобра облека и не зборуваше добро англиски. Тешко комунициравме, но знаев дека тој не е командант на војската“, рече Кларк.

Тој, исто така, ја отфрли можноста дека прогонот на неалбанското население по јуни 1999 година бил организиран, наведувајќи дека станува збор за индивидуална акција.

Генералот Кларк, како сведок на одбраната, изјави дека за време и веднаш по војната во Косово, се сретнал со Хашим Тачи во три наврати, но дека за време на тие средби не добил впечаток дека е командант на некоја организирана формација.

„Вториот пат кога се сретнав со Тачи беше пред да започнат воздушните напади. Тој беше само еден од многуте. Имаше подобра фризура и подобра облека и не зборуваше добро англиски. Тешко комунициравме, но знаев дека тој не е командант на војската“, рече Кларк.

Тој, исто така, ја отфрли можноста дека прогонот на неалбанското население по јуни 1999 година бил организиран, наведувајќи дека станува збор за индивидуална акција.

„Доколку имавме информации дека ОВК била вклучена во такви работи, ќе реагиравме остро“, рече Кларк, наведувајќи дека на располагање имал информации од тајните служби, силите на КФОР, мисијата на Обединетите нации, дипломатски телеграми и извештаи за инциденти.

.

Пред Кларк, како сведоци на одбраната во Хаг сведочеа поранешниот функционер на Стејт департментот Џејмс Рубин, заменик-шефот на УНМИК Џок Кови, советникот на делегацијата на косовските Албанци на конференцијата во Рамбује, Пол Вилијамс, и поранешниот амбасадор на САД во Скопјe, Кристофер Хил.

Поврзани вести