Skip to main content

Стојаноски: Ќе ги прифатиме барањата од Левица и СДСМ за надзорна расправа и Анкетна за трагедијата во Кочани, но проширена и со другите трагедии

Фејсбук профил на Бојан Стојановски

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска во изјава за медиумите истакна дека тие ќе ги прифаќаат барањата на СДСМ и Левица за надзорна расправа и Анкетна кпмисија за трагедијата во Кочано, но, како што рече, да биде проширена и со другите трагедии.

Ние соопштивме дека треба прво да почекаме да заврши судењето, па потоа да влеземе во ваква операција. Но, со пглед на тоа дека вчера и СДСМ и Левица укажаа дека ќе поднесат такво барање, ние таквото барање ќе го прифатиме. Но, кога разговараме за една ваква тема за која што ние исклучиво кажуваме дека е злоупотребувана за некрофилско добивање политички поени, треба ваквата Анкетна комисија да проширена и за сите да биде проширена и за сите други трагедии за кои нема ни кривична, ниту човечка, ниту политичка одговорност, рече Стојаноски.

Тој потенцира дека во Собранието тееба да се поставуваат прашања за сите претходни трагедии.

Во Собранието треба да се постават прашања и за модуларната клиника. Треба да се постават и прашањата и за тоа како одредени превозници коишто немале лиценци, и покрај тоа што 60 пати ја поминувале државната граница, доведоа до тоа да изгорат живи луѓе. За Дурму турс и за сите оние трагедии коишто го снајдоа овој народ, посочи Стојаноски.

Повтори дека ќе ја посдржуваат ваквата Анкетна комисија но проширена со сите други трагедии.

Да, ние ќе ја поддржиме ваквата Анкетна комисија, но и ќе бараме да биде проширена за сите трагедии за коишто за разлика од овој случај нема никаква ниту морална, ниту политичка, а ниту кривична одговорност, рече пратеникот Стојаноски.

Поврзани вести