Skip to main content

Тежи над една милијарда долари: Кој е Порошенко кој бара оставка на украинската влада

Поранешниот украински претседател Петро Порошенко повика на оставка од целата влада во Киев поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, објави ДПА.

„Целата корумпирана влада мора да поднесе оставка“, рече опозицискиот политичар во видео обраќање. Тој ги нарече оставките на двајца министри „фарса“ бидејќи имињата на најмалку пет владини претставници се поврзани со скандалот.

Порошенко, кој беше претседател на Украина од 2014 до 2019 година, повика на формирање нова патриотска влада на национално единство. Според поранешниот претседател, кабинетот треба да вклучува експерти кои би ги обединиле сите политички сили во земјата.

Довербата на украинските граѓани во владата мора да се врати за да се избегне политичка дестабилизација, додаде тој.

Во последните недели, украинските власти објавија снимки од разговори поврзани со корупцијата во украинската државна нуклеарна компанија „Енергоатом“. Загубите моментално се проценуваат на околу 100 милиони долари.

Министерот за правда Герман Галушенко и министерката за енергетика Светлана Гринчук поднесоа оставки. Но, Тимур Миндич, бизнисмен кој се смета за близок до претседателот Володимир Зеленски, и други вмешани во скандалот избегаа во странство.

Украинските антикорупциски власти објавија дека ќе објават дополнителни информации, кои главно ќе влијаат на одбранбениот сектор.

Кој е Порошенко

Порошенко во 2018 година пријавил приходи од 198 милиони гривни (7 милиони долари), пишуваат „Украински новости“, повикувајќи се на податоци од Единствениот регистар на пријави на државните службеници.

Според годишната листа на топ 100 најбогати Украинци, објавена од „Новое времја“, богатството на Порошенко се проценува на 1,1 милијарди долари, а како клучна се наведува корпорацијата „Рошен“. Украинскиот претседател на листата најбогати Украинци го зазема шестото место.

Стапувајќи на претседателската функција во мај 2014 година, Порошенко вети дека ќе се откаже од своите бизнис активности, со исклучок на телевизијата Канал 5, но подоцна се пожали дека „никој не сака да ги купи неговите бизниси“. Во февруари годинава, одговарајќи на новинарско прашање тој рече дека неговите приходи за време на претседателскиот мандат се намалени и дека во неговиот „живот не тече мед и млеко“.

Поврзани вести