Skip to main content

Eурофарм Пелистер остана без важен играч

Словенечкиот репрезентативец Нејц Цехте ќе ги напушти редовите на македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер. Тимот од Битола му дозволи трансфер во бундеслигашот Фуксе Берлин.

Германскиот тим кој се соочува со многу проблеми со повредени играчи плати обесштетување за премин на Цехте во своите редови. Словенечкиот ракометар има искуство со настапот во Бундеслигата бидејќи четири сезони има настапувано во Хановер.

Репрезентативецот на Словенија Цехте дојде во Еурофарм Пелистер во 2023 година и освои титули шампиони на Македонија, како и еден Супер куп.

Поврзани вести