Skip to main content

Малопродажните цени во САД растат – царините силно ги погодија американските купувачи

-steve-buissinne-from-pixabay

Цените кај големите американски трговци на мало нагло се зголемуваат оваа година, бидејќи царините продолжуваат да ги туркаат трошоците врз потрошувачите.

Компанијата Амазон е лидер, со просечни цени зголемени за 12,8% во 2025 година, повеќе од двојно од зголемувањето кај Волмарт (5,3%) и Таргет (5,5%), покажува анализата на „DataWeave“.

seidenperle-from-pixabay

Стримиот пораст кај Амазон е поттикнат од неговата зависност од продавачи од трети страни, кои се повеќе изложени на царини и мора да ги префрлат повисоките трошоци директно врз купувачите.

Зголемувањето на цените е особено видливо во неесенцијалните категории како што се облека, производи за домаќинството и убавина, каде што Амазон е поагресивен од своите конкуренти.

Поврзани вести