Во Музејот на современата уметност (МСУ) в сабота, на 28 декември ќе се одржи последната дневна дружба во 2024 година. Во 12 часот почнува музејската тура со кустосот-водич Бојана Јанева. Таа ќе ја прошета публиката низ двете новоотворени изложби: „Прекршено време. И светот се пресоздава од тоа што го заборава“ со изложба на дела од колекцијата на МСУ и дела од современи уметници и меѓународната изложба „Војна на сетилата/војна врз сетилата“ од уметниците Лоренс Абу Хамдан, Бејрут урбан лаб, Центар за просторни технологии, Форензичка архитектура, Кумјана Новакова, Мацуко Јокоџи и Грахам Харвуд од колективот ЈоХа и во соработка со Метју Фулет.
Во 13 ќе се одржи матине со диџеј сет, а во 16 часот почнува филмска програма во рамките на изложбата „Прекршено време. И светот се пресоздава од тоа што го заборава“.
Мариа Христофориду, ΜΑΛΘΑ: Трипати изгорените архиви со неверодостојни пророштва (2021), 15’. Архивата ΜΑΛΘΑ е видео-есеј што ја вклучува културната меморија и шпекулира со неа, создавајќи привремени вистини и нудејќи нови митови што вклучуваат општествени и јазични вмрежувања.
Диего Крукс и Џијан Спина: Калабусо и уништувањето кога ќе умрам/рид [morro], 19’ Есеј-филм кој тргнува од првиот јавен простор во Латинска Америка (Passeio Público), анализирајќи како зборот/местото Калабусо (зандана) се нормализира во урбаното ткиво на градот со намера да се задржи дел од населението надвор од одредени области.