
Европската комисија, заедно со владите на НАТО и ЕУ, создава механизам што ќе овозможи брзо движење на тешка опрема низ Европа во случај на конфликт со Русија.
Како што пишува „Фајненшл тајмс“, планот вклучува заедничка флота од камиони, железнички платформи и фериботи достапни за сите членки на ЕУ. Брисел веќе подготвува предлози за забрзување на транспортот и поедноставување на царинските процедури.
Европската комисија работи со националните власти и НАТО за координирање на заедничката употреба на камиони, вагони и фериботи што би можеле да транспортираат тенкови и тешка артилерија низ континентот во случај на војна“, пишува весникот.
Според тројца функционери, Европската комисија ја разгледува идејата да им се даде пристап на националните власти до споделени ресурси за „воена мобилност“ што би им овозможило да транспортираат трупи низ територијата на блокот доколку Русија продолжи со својот „воен пат“ надвор од Украина.
Следниот месец, Европската комисија ќе објави предлози за подобрување на транспортната инфраструктура и царинските процеси на блокот со цел да се намали бројот на денови потребни за трупите да ја преминат територијата на ЕУ.
Идејата за сопствена флота од автомобили и железнички вагони за армијата на ЕУ дури се разгледува, но како и обично, парите за реализација н планот се оскудни.

Македонски








