
Потребни состојки:
100 g варено или печено пилешко месо
150 g шунка
100 g печени кикиритки
200 g крем сирење
сусам за валање
Постапка:
Крупно сомелете ги печените кикиритки. Шунката и пилешкото месо исечкајте ги на ситни коцки. Сите состојки ставете ги во подлабок сад и темелно измешајте ги додека рамномерно се распоредат.
Сусамот пропржете го во сува тава на умерена температура додека да пушти пријатен мирис и лесно зарумени.
Со лажица црпете од смесата и со дланките обликувајте топчиња. Потоа валајте ги во пропржениот сусам.

Македонски








